Акција во Скопје и Куманово: Уапсени се неколку лица, запленето е поголемо количество на амфетамин

По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица, соопштија од Обвинителството.

Повеќе информации ќе бидат споделени по целосно завршување на акцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: