Официјалци на Имиграцијата и царинската служба на САД (ICE) планираат голема операција за спроведување на законот која ќе ги таргетира имигрантите неколку дена по инаугурацијата на Доналд Трамп.
Личноста која дознала за планот и го споделила со јавноста побарала да остане анонимна бидејќи не била овластена да дискутира за операцијата, но таа изјавила дека неколку локации низ Чикаго ќе бидат таргетирани.
Според документот, операцијата се очекува да започне најрано во вторник и да заврши до следниот понеделник, но датумите можат да се променат.
Во ексклузивен интервју со Кристен Велкер, Трамп одбил да опише детали за операцијата, но рече дека масовните депортации ќе започнат “многу рано, многу брзо.” „Веќе сме подготвени и тоа ќе започне“, додаде тој. „Мора да ги извадиме криминалците што дошле тука незаконски од нашата земја.“
Според документот, брифингот за агенти кои планираат да учествуваат во операцијата, наречена „Операција Сејфгард“ се случил во петок попладне. Во него се вели дека операцијата ќе вклучува агенти кои биле побарани да се пријават доброволно и дека голем број агенти така и се пријавиле.
Иако, Вол Стрит Џурнал првично извести дека се очекува операцијата да се спроведе во Чикаго, можно е и слични акции да има и во другите градови како Лос Анџелес, Денвер, Чикаго и Вашингтон.
Федерална проценка од 2022 година вели дека во САД живеат до 11 милиони недокументирани мигранти, но точниот број денес не е познат.Како кандидат, Трамп вети најголема операција за депортација во американската историја. .
Американскиот совет за имиграција, група која е про-имиграциона, проценува дека масовната депортација би можела да чини најмалку 315 милијарди долари. Покрај трошоците, експертите предупредуваат дека масовните депортации би можеле да ја зголемат цената на некои стоки во САД. Федералната влада проценува дека 40% од земјоделските работници се недокументирани имигранти.
ICE моментално има дефицит во буџетот од 230 милиони долари и нема финансирање широко да ги спроведе плановите на Трамп. Конгресот прво мора да одобри дополнителни средства за операции за спроведување на законот, како и за објекти за притвор.
По апсењето, мигрантите се држат во притвор пред да бидат депортирани. Според веб-страницата на ICE, во моментот нема слободни кревети во објектите за притвор во Чикаго.Том Хоман рече дека би сакал најмалку 100.000 кревети за притвор низ цела Америка; а во моментот САД има околу 34.000.
Највисокиот број на депортирани лица за време на првиот мандат на Трамп беше во 2019 година кога беа депортирни 267.000 лица. Администрацијата на Бајден депортираше повеќе луѓе секоја година отколку што тоа го правеше првата администрација на Трамп во неговиот прв мандат. Но, највисокиот број на депортирани лица од САД во една година беше во 2013 кога беа депортирани 438.000 луѓе за време на администрацијата на Обама.
Очигледните планови на Трамп да таргетира демократски управувани градови веројатно ќе се сретнат со политички отпор. Во одговор на извештаите дека новата администрација би можела да започне операции за депортација во Чикаго, гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Притцкер, рече во петокот дека ќе ги заштити мигрантите ако бидат незаконски приведувани.
„Имаме закони што ги заштитуваат недокументираните лица“, рече Притцкер. „Ќе се погрижам да ги следам законите. Загрижени сме дека администрацијата на Трамп и неговите слуги нема да ги следат законите.“
Хоман рекол на NBC News дека новата администрација е подготвена да се соочи со политичката борба и финансиските трошоци на масовните депортации. „Мислам дека масовната депортација и последиците од неа се поважни за оваа земја отколку што било друго“, рече тој. „Не ставам цена на нашата национална безбедност.“
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.