Алармантно! Прв смртен случај од коронавирусот во Европа

Кинеска туристка починала во Франција од последици од коронавирусот, што е прв смртен случај на територијата на Европа, јавува Би-Би-Си.

Станува збор за 80-годишна жена од кинеската провинција Хубеи, во која за прв пат се појави овој вирус, изјави француската министерка за здравство Агнес Бузин.

Таа вели дека туристката стигнала во Франција на 16 јануари, а од 25 јануари била во болнички карантин.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА

До овој случај, регистрирани се три смртни случаи надвор од територијата на Кина: во Хонгконг, Јапонија и Филипините.

Во Кина се забележани повеќе од 1.500 смртни случаи, главно во Хубеи, каде се појави епидемијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: