среда, 25 ноември 2026
Најново

Аларм во Британија: Кој купи авиони или делови од Русија за 36 милиони фунти?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британската влада истражува дали неодамнешното купување авиони од Русија, вредни околу 36,3 милиони фунти , ги прекршило санкциите што Лондон ги применува против Москва, пишува „Обзервер“.

Официјалните податоци од Министерството за бизнис и трговија покажуваат дека во периодот до јуни 2025 година, Велика Британија увезла стока од Русија во вредност од околу 80 милиони фунти , што е зголемување од 21,2% во споредба со претходната година. Речиси половина од таа сума се однесува на купување на она што се опишува како „авиони и производи за воздухопловство“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Службениците не можеа да потврдат кои компании ги извршиле купувањата или дали трансакцијата била во согласност со санкциите, кои забрануваат увоз на воздухопловни производи и технологии, како и „стока што генерира значителни приходи за руската држава“. Портпаролот на владата нагласи дека непочитувањето на санкциите е кривично дело , казниво со големи парични казни или дури и кривична одговорност, и ги повика сите што се сомневаат во прекршување на санкциите да го пријават тоа на властите, според „Обсервер“.

Ова е веројатно прв пат од воведувањето на санкциите по почетокот на војната во Украина, авиони, хеликоптери или делови да бидат директно увезени од Русија во Велика Британија . Претходно, во февруари, беше откриено дека британските компании извезувале делови за авиони во Индија, од каде подоцна стигнале во Русија.

Либералниот демократ и портпарол за надворешни работи, Калум Милер , изрази загриженост за безбедносните импликации од „влегувањето на руски авиони во Велика Британија“, нагласувајќи дека „британската јавност може да биде шокирана што Велика Британија продолжува да ѝ плаќа на Москва десетици милиони фунти“.

Во овој момент, идентитетот на купувачите и деталите од трансакциите остануваат непознати , а истрагата е во тек.

Колку и да звучи скандалозно оваа вест – ако се покаже како вистина, во политички контекст несомнено е – сумата од 36 милиони фунти е релативно скромна за која било поголема набавка на авиони.

Русија речиси и да нема нови авиони на продажба, а оние што постојат се претежно резервирани за домашни купувачи. Очигледно, станува збор или за купување делови за авиони и/или хеликоптери , или можеби за некои половни авиони, како што се „бизџетс“, најверојатно од западно потекло.

Исто така е сосема логично да се претпостави дека оваа „жешка стока“ не завршила во Велика Британија – можеби дури и не стигнала до островите – туку само била предадена на друг корисник.

Поврзани вести