Претпладневните рочишта во Кривичниот суд – Скопје, меѓу кои и за „27 април“ и за „Монструм“ги одложи вклучен аларм. Заради неможност да се исклучи алармот, прекинато е снабдувањето со струја во судот.
Пред судската зграда се вработените, обвинетите и нивните бранители, како и новинарските екипи кои се дојдени да ги следат рочиштата. Информација од што се вклучил алармот пред судската зграда за сега нема.
На влезовите во Кривичниот суд се залепени известувања дека поради технички проблеми судењата се одложени за по 11 часот.