Албанец уапсен на еден македонски граничен премин.
– На 06.05.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Д.(44) од Република Албанија, затоа што што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека вин бројот на патничкото возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, информираа од полицијата.