На 21.09.2019 година во 07:55 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“ полициски службеници го привеле Б.Л.(26) од Република Албанија, поради тоа што при проверки било утврдено дека приложил лична карта од Република Грција, која била фалсификувана.
Тој бил предаден на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.