Албанската полиција во средата навечер спроведе голема акција за сузбивање на една меѓународна нарко банда при што се уапсени најмалку осум албански државјани од вкупно 34 уапсени од Холандија, Швајцарија, Германија и Италија.Директорот на секторот против организираниот криминал во албанската полиција Едмонд Ризаии јавниот обвинител за тешки дела Еуген Беци изјавија дека истрагата за сузбивање на оваа меѓународна нарко банда започнала уште во 2011 година. Тие објаснија дека апсењата на осумте Албанци не е поради незаконска активност во Албанија, туку во наведените четири земји од Европската унија.Властите на Албанија најавија нивна екстрадиција во земјите кои ги бараат.
MaкфаксАлбанската полиција во средата навечер спроведе голема акција за сузбивање на една меѓународна нарко банда при што се