Албанија го отвори и последниот 5-ти кластер во преговорите за пристапување во Европската Унија, во рок од 12 месеци – соопшти денеска Албанскиот премиер, Еди Рама.
„Никој не може да нè спречи да ја достигнеме главната цел за затворање на преговорите во 2027 година.
Бидејќи покрај тешкотиите, пречките, неизбежните штети или неразделната кал, во искачувањето на ова историско искачување, ние растеме и ја зајакнуваме Албанија месец по месец“ – напиша Рама на својот Фејсбук профил.



