Агенцијата за аудиовизуелни медиуми (АМА) на Албанија го предупреди албански јавен радиодифузер РТСХ за емитување песни од пејачката Цеца Ражнатовиќ, сопруга на починатиот Жељко Ражнатовиќ- Аркан, во програма која била наменета за песни на малцинствата.
Агенцијата ги забрани спотовите на Цеца затоа што таа постојано држеше антиалбански протести против Косово и дека нејзините песни, како што тврди, “ги инспирираа злосторствата во Босна и Херцеговина и Косово”, објавија албанските медиуми.