Албанија побара од НАТО во Драч да формираат поморска база

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека Албанија упати повик до НАТО да учествува во финансирање на воена поморска база во Драч. Рама на прес-конференција рече и за други случувања на самитот на НАТО во Мадрид истакнувајќи дека таму изнел детали за изградбата на поморската база, пренесува Анадолија.

„На самитот разговаравме за нашиот проект и верувам дека ќе се вратиме во Брисел за продолжување на проектот и предлогот кој не само што предизвика интересирање, туку и желба за продлабочување на разговорите за поставување на поморска база во Драч, која освен комерцијалниот и трговски дел би имала и воен“ рече Рама.

Додаде дека наскоро за ова прашање ќе се одржи посебен состанок со комплетниот албански експертски тим и со стручњаци од Алијансата за детално да се претстави проектот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.