Албанија со нови 16 случаи КОРОНА ВИРУСОТ, вкупно 766 заразени
Во Албанија од тестираните 270 сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 16, со што бројот на вкупно заразените од КОРОНА ВИРУСОТ во земјата е зголемен на 766 лица.
Во исто време во списокот на излекувани се внесени уште 24 пациенти или вкупно 455 од вкупно заболените. Од 281 активен пациент на коронавирусот болнички се третираат само 10 отсто, додека останатите се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови. За жал и покрај напорите на лекарите битката со опасниот вирус до сега ја загубија 30 пациенти, кои боледуваа и од други болести, – информираше Еугена Томини, од Институтот за јавно здравје.