Албанскиот претседател Бајрам Бегај на средба со Ахмети и Таравари во Скопје!

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, денеска во Скопје се сретна со првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, јавува репортерот на ТВ21.

Бегај претходно имаше средба и со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Пред два дена, Бегај се сретна и со лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши и со вицепремиерот Арбен Фетаи.

Извор: ТВ21

Пронајдете не на следниве мрежи: