Изјавата на Заев во врска со нивните амандмани за унапредувањето на правната положба на Албанците во Уставот за албанските опозициски партии е цинична. Сегашниот Устав не ги задоволувал барањата на Албанците. Алијансата за Албанците и Движењето Беса на Билал Касами велат дека нема да се откажат од амандманите, додека изјавата на Заев дека ваквите барања се како Пандорина кутија, ја нарекуваат тенденциозна.
-Тоа е тенденциозна, па дури и цинична изјава. Сметаме дека Уставот на Македонија не ги исполнува барањата на Албанците. Тоа не е отворање на Пандорината кутија. Премиерот Заев кој беше избран и со гласови на Албанците, не смее барањата на Албанците да ги смета како зло кое излегло од Пандорината кутија, рече Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците.
Со петте пратенички мандати партиите јасно посочуваат дека уцени нема, но ако нивните амандмани не се имплементираат во пакетот доставен од Владата, тие нема да ги поддржат.
-Ако премиерот Заев смета дека ова ќе биде отворање на Пандорината кутија, тогаш Движењето Беса сака да го потсети него и јавноста дека токму бај-пас политиката прави отворените прашања да бидат горливи и тие само ја преполнуваат Пандорината кутија. Заев ја прифати Тиранската платформа, сега нека ја реализира, кажа Билал Касами од Беса.