Албанците се За на Референдумот

ДПА, Беса и Алијансата на Албанците се – За
Кампањата за претстојниот Референдум, сите од различни градови, вчера ја започнаа и албанските партии. Не може да не се констатира фактот дека сите се ЗА влегување на Република Македонија во ЕУ и НАТО, и дека на 30-ти септември ќе се гласа, за мир, стабилност и подобра иднина.
Но, референдумското изјаснување содржи три, а не два елементи во себе. Што е со промената на името на земјава, Македонија за сега? Дали тоа поддржувачите на Тачи, Касами и Села го изумија, заборавија или не ги засега?
За разлика од нив некои од етничките Македонци се за влез во ЕУ, а некои за влез во НАТО. Повеќето немаат ништо против членство во овие сојузи, но промената на името им е пред се. Од таа причина не се согласуваат со формулацијата на референдумското прашање, а за одговорот допрва ќе видиме – дали ќе биде ЗА, ПРОТИВ или ќе го БОЈКОТИРААТ новото крштевање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.