Албанци ќе се вработат и во градови каде нема жители Албанци

Албанскиот јазик ќе се воведе во сите општини и институции во Република Македонија и за таа цел мора да се вработат Албанци. Доколку оваа одредба не се почитува најавени се и казни со посебен член во законот, потврди Владата.
На денешната прес-конференција владиниот портпарол, Мухамед Хоџа на прашањето дали и во  општините и институциите во градови каде нема жители Албанци ќе мора да вработат Албанци, одговори дека законот мора да важи за сите.
– Законот важи за сите. Во овој случај важи и за сите институции. Тие институции кои нема да ја практикуваат употребата на јазиците во согласност со законот кој стапи на сила, се предвидуваат и казни со посебен член во овој закон, рече Хоџа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.