Синоќа во емисијата “Клик плус“ на ТВ“21“ политичкиот аналитичар, Александар Пандов изјави дека нема да гласа на претседателските избори на 21 април, односно на 7 мај.
На оваа негова изјава пратеникот Павле Богоевски му возврати дека го поттикнува бојкотот на претседателските избори, односно апстинирањето на гласачкото тело во вториот круг со цел да не се избере нов шеф на државата.
Ако на 5 мај не се постигне потребниот цензус од 40 проценти од запишаните гласачи во Избирачкиот список кои излегле на гласање, по 12 мај обврските на претседател на државата ќе ги преземе Талат Џафери.