Шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг, денес ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Министерството за надворешни работи потврди дека сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. Според агендата, тема на разговорите ќе бидат севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и европската перспектива на Македонија.
Ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања.