Александра Пријовиќ е бремена, пејачката го чека второто дете

Александра Пријовиќ го чека своето второ дете. Семејството Живојиновиќ наскоро ќе стане побогато за уште еден член.Како што пишуваат српските медиуми, Александра синоќа приредила прослава за најтесниот семеен круг и им ја соопштила радосната вест.Александра неодамна ги откри своите желби и планови за во иднина. Имено, пејачката истакна дека би сакала да го прошири семејството, а нејзиниот сон е да добие ќерка.„Mоето семејство да е секогаш добро. И би сакала, следната година, бидејќи сега работиме многу, да имаме ќерка“, изјави Александра во едно интервју. View this post on Instagram A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijovic)Покрај тоа, Александра на 22 декември ја заврши својата концертна турнеја во белградска арена и реши да се повлече на одредено време од шоуто.Последниот настап пред целосната пауза беше во Златибор за Нова година.

Пронајдете не на следниве мрежи: