Александра се запишува во училиштето на Филип

Филип Живоиновиќ ги учи бремените жени како да се однесуваат за време на бременоста, но и за време и после породувањето.
Сопругот на пејачката Александра Пријовиќ, како што се дознава, го основал првото онлајн училиште за жени кои се бремени. Со оглед на тоа дека и тој и пејачката планираат проширување на семејството, Александра исто така ќе биде една од посетителките на училиштето, но и негова главна промоторка.


-Филип е познат како некој кој е многу креативен. Неговите идеи се оригинални и затоа во Америка беше еден од успешните спортски агенти. Кога дошол на идеја да основа училиште за трудници, во тоа го поддржаа родителите, сопругата, но и пријателите. Тој е всушнсот сооновач на училштето, кое е и прво од таков вид во Србија. На неговиот сајт се обработуваат теми како бременоста би поминала безбрижно. Неговата идеја е професионалните, точните и проверените информации да бидат достапни на секоја бремена жена- рекол изворот.
Тој истакнува дека министерството го пропознало значењето на неговото училиште и дека го поддржало проектот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.