Алесандра Амброзио повторно го покажа своето беспрекорно тело, позирајќи во костим за капење

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) позирајќи во костим за капење привлече внимание и предизвика воодушевување кај бројните обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.

Имено, манекенката позирала покрај базен во впечатливо розово минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата витка линија.

Костимот за капење го спои со очила за сонце и марама во иста боја како и костимот за капење. Коментарите беа полни со комплименти за нејзиниот изглед.

„Совршена“, „Прекрасна си“, „Тие бои совршено ти одговараат“, „Мојот омилен модел“ и „Изгледаш неверојатно за твоите години“, се некои од нив.

Покрај тоа, во февруари оваа година, Алесандра беше фотографирана како го прегрнува своето момче Бак Палмер. Двојката е видена во кафуле во Венеција, Калифорнија, каде што, судејќи по фотографиите, биле насмеани и расположени.

Според извори блиски до моделот, Алесандра верува дека конечно ја нашла вистинската љубов. Нивната врска стана јавна кон крајот на минатата година, откако беа видени заедно на забава во Мајами. Оттогаш, Алесандра редовно споделува фотографии од неа со новиот партнер.

Според изворите, Алесандра се надева дека нивната врска ќе трае цел живот. Пред Бак имаше неколку врски, но често наидуваше на партнери кои и замеруваа поради нејзината слава и кариера. За разлика од нив, Бак е успешен дизајнер на накит кој ја ценел нејзината работа и личност.

Алесандра ја започна својата манекенска кариера во тинејџерските години, а меѓународната слава ја стекна благодарение на соработките со познати брендови како Ралф Лорен, Кристијан Диор и Џорџо Армани. Таа се појави на насловните страници на престижни модни списанија како Vogue, Harper’s Bazaar, GQ, Elle и Glamour.

Пронајдете не на следниве мрежи: