Алијансата не ја разгледува можноста да распоредува ново нуклеарно оружје во Европа

 

Иако сметаат дека Русија го прекршува Договорот за контрола на оружјето, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес изјави дека не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа.
– Земјите од Северноатлантскиот сојуз не ја разгледуваат можноста да распоредат нови нуклеарни ракети во Европа како одговор на зголемениот ракетен потенцијал на Русија, истакна Столтенберг.
“Сите земји членки на НАТО го сметаат Договорот за контрола на ракетите со среден и мал дострел за многу важен и дека е многу веројатно Русија да го нарушува“. Ние исто така сме убедени дека САД ги почитуваат клаузулите од овој Договор, а една земја не е доволно за да има ефект договорот, истакна Столтенберг.
Претходно, САД објавија дека ќе се повлечат од овој билатерален Договор за контрола на оружјето со Русија, бидејќи Москва не го почитува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.