Алијанса за Албанците на Арбен Таравари бара од претседателот на Собранието Африм Гаши до крајот на декември да ги распише повторните избори во четирите општини каде поради неисполнет цензус не беа избрани градоначалници.
Пратеникот Халил Снопче од крилото на Таравари на прес-конференција речр дека законскиот рок за одржување на повторните избори во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Жупа почнува од 29 октомври, а не од денот на последното објавување на резултатите.
Снопче рече дека од овој ден почнал да тече законскиот рок од 60 дена за одржување на повторните избори и затоа изборите, како што рече, треба да се одржат најдоцна до крајот на декември.



