Алијанса за Албанците прашува кога власта ќе го врати Никола Груевски во земјава

Партијата која е дел од опозицискиот „Европски фронт“ предводен од ДУИ смета дека најавите на премиерот Христијан Мицкоски за довршување на проектот „Скопје 2014“ не е ништо друго освен продолжување по стапките на Никола Груевски и, како што велат од Алијанса, заживување на македонскиот национализам

Алијанса за Албанците, која сега делува како опозиција во рамките на „Европскиот фронт“ алармира дека најавите за продолжување на „Скопје 2014“ е враќање на времето на „груевизмот“.
„По прекршувањето на Охридскиот договор, деградирањето на Албанците, блокирањето на интегративните процеси, иритирањето на соседите Грција, Бугарија и Косово, врските со Србија и Унгарија, нелегитимната моноетничка влада, сега ќе се враќа Скопје 2014. Покрај фрапантните и непродуктивните трошоци, овој проект го симболизира и заживувањето на македонскиот национализам“,пишува во соопштението на Алијанса за Албанците.
Од оваа партија сметаат дека молкот на „Вреди“ на ваквите најави на Мицкоски е потврда за поддршката на проектот зашто, како што велат Изет Меџит бил соучесник во минатото кога стартување „Скопје 2014“.
„Се сеќаваме на мислењето дека овој проект, кој беше стопиран во 2017 година, кога партиите на денешниот  Европски фронт ја урнаа владата и поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше автор на овој проект. Случајно, другите партии од коалицијата Вреди тогаш одбија да бидат дел од антигруевското мнозинство и првиот председател на Собранието Албанец, но избраа да останат во опозиција со ВМРО-ДПМНЕ, што се испоставува дека е генезатна пријателството меѓу нив, што пак кулминираше со слична антиалбанска влада. Следното прашање што се поставува во оваа ситуација е – кога ќе го вратите самиот Груевски?“,прашуваат од Алијанса за Албанците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.