Алијанса на Таравари ќе оди со сопствени листи за советници на локалните избори, соопшти претседателот на партијата Арбен Таравари на прес-конференција вечерва.
Органите и телата на партијата сметаат дека Алијанса треба да оди со сопствени листи за советници во општините, а за кандидати за градоначалници не е разговарано. Таравари нагласи дека градоначалник е индивидуална функција и не треба да се гледа партијата, туку личноста која е кандидатм а најдобрите кандидати треба да бидат извадени од резултатите од анкетите.
Таравари истакна дека Алијанса за Албанците е дел од коалицијата ВЛЕН и останува дел од нив.