Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Монте Карло, со победа над Алехандро Давидович Фокина.
Алкараз го совлада својот сонародник во вториот меѓусебен дуел по два сета – 7:6 (2), 6:4.
За Карлос ова е прво финале на турнир од серијата 1.000 по Индијан Велс минатата година, каде ја освои титулата.
Ако освои трофеј во Кнежевството, Алкарас ќе се врати на второто место на АТП листата во понеделник.
Финалето е на програмата во недела во 12.00, а Алкарас ќе се соочи со победникот од дуелот Алекс де Минор – Лоренцо Музети.
The post Алкараз е првиот финалист во Монте Карло appeared first on 365.mk.