Алкохол или марихуана: Што е поштетно за здравјето на долг рок?

Дебатата за тоа што е поштетно за вашето здравје на долг рок, алкохолот или марихуаната, трае со децении, а една студија подетално ги разгледа ефектите од обете супстанции. Иако многумина веруваат дека канабисот е побезбеден од легалниот, широко достапен алкохол, и двата носат сериозни здравствени ризици, пишува LADbible.

Долгорочни ефекти од алкохолот

Иако повремената консумација честопати не се смета за особено ризична, редовното пиење над препорачаните граници може сериозно да му наштети на вашето здравје. Националната здравствена служба (NHS) на Велика Британија наведува дека долготрајната злоупотреба на алкохол може да го зголеми ризикот од мозочен удар, заболувања на црниот дроб, панкреатитис, висок крвен притисок и голем број видови на рак.

Алкохолот е поврзан и со менталното здравје – Кралскиот колеџ на психијатри предупредува дека може да ја наруши хемијата на мозокот и да го зголеми ризикот од депресија, панични нарушувања и импулсивно однесување. Со текот на времето, може да го оптовари и срцето, панкреасот и бубрезите и да го ослабне имунолошкиот систем.

Долгорочни ефекти од канабисот

Од друга страна, студија објавена во 2016 година во International Journal of Drug Policy сугерира дека повеќето од долгорочните несакани ефекти на канабисот се поблаги од оние предизвикани од алкохол. Авторите забележуваат дека ефектите од канабисот се слабо истражени – меѓу другото, затоа што има помалку луѓе кои го користат секојдневно , а недостасуваат и истражувања што би ги следеле корисниците со децении.

Познато е дека пушењето марихуана најмногу влијае на белите дробови, а кога станува збор за менталното здравје, некои студии ја поврзуваат честата употреба со зголемен ризик од психотични симптоми, особено ако започне на рана возраст. Сепак, студија од 1994 година (Ентони и др.) наведува дека ризикот од развој на зависност од канабис е значително помал отколку со алкохол, никотин или хероин, и дека здравствените и социјалните последици се, во просек, помалку сериозни.

Што е на крајот на краиштата поштетно?

Кон крајот на 20 век, се веруваше дека редовното пушење канабис може да има ефекти врз респираторниот систем слични на чадот од тутун. Подоцна беше потврдено дека редовните корисници на марихуана, вклучително и оние кои не пушеле тутун, имале повисоки стапки на хроничен бронхитис.

Иако психотичните симптоми се еден од подобро познатите потенцијални ризици, особено со рана и честа употреба, застапниците на канабисот често истакнуваат дека фаталните предозирања со дрогата се исклучително ретки, за разлика од алкохолот или опиоидите.

Исто така, според студија од 2012 година (Асбриџ, Хајдон и Картрајт), возењето под дејство на канабис умерено го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи, но значително помалку од алкохолот. Сепак, сè уште недостасуваат доволно долгорочни, споредливи податоци и висококвалитетни студии за да се извлечат цврсти заклучоци.
The post Алкохол или марихуана: Што е поштетно за здравјето на долг рок? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: