„Ало, тргни ги овие работи од плажа и излегувај од вода“ – црногорски келнер ги учи на ред туристите (ВИДЕО)

Кога некој странец го слуша премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ како ја фали земјата како најдобра туристичка дестинација и економски “тигар“ во регионот секој би добива желба да ја посети. За жал, како што пишуваат црногорските медиуми, ситуацијата на терен и не е баш таква. Цените се над просекот, а персоналот често нељубезен, како што може да се види на видеото подолу. Келнер во еден хотел во работна униформа и чорапи им се заканува и ги брка туристите од плажата, меѓу кои има и неколкугодишно дете.
“Ало, излегувај од вода, ало излегувај од вода“, им се обраќа некултурниот келнер на туристите и додава: “Тргни ги овие работи, тргни го ова“, растерувајќи ги туристите од плажа. Се слуша дека жената на која келнерот ѝ вели да се тргне е Русинка, која на руски вели: “Не допирајте, тоа не е ваше“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.