АЛФА: „Гладниот“ претседател на Уставен суд тежи над 200.000 евра

„Гладниот“ претседател на Уставниот суд Сали Муарати има една куќа и два стана, тој и неговото најтесно семејство тежат повеќе од 200 илјади евра, ова го покажува неговиот анкетен лист предаден во Антикорупциска. Тој како личен и заеднички имот има пријавено куќа во село Врапчиште вредна речиси 90 илјади евра, еден стан во Скопје вреден 56 илјади евра, и уште еден во Гостивар проценет на 40 илјади евра. Како имот на сопругата пријавил златен накит вреден околу 6.500 евра. Под ставката имот на деца, има пријавено еден автомобил од 8.200 евра, како и еден свој со цена нешто помала од 1.500 евра. На име побарувања пак пријавил 7.300 евра, како и долг од 4.200.

Уставните судии земаат плата од 90 илјади денари. Дали ова беше мотивот да ја поништат уредбата на Владата?

Анкетни листови вредни илјадници евра, ама не доволни за да се откажат од високите плати над 1500 евра. Отсуството на солидарност кај судиите предизвика бура реакции во јавноста.  Најголем број од граѓаните сметаат дека Уставниот суд донел срамна одлука да се стопира уредбите за минималнаи функционерски плати.

Извор: АЛФА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.