Алфа: Се самоуби 60-годишен скопјанец, обдукцијата покажала дека е позитивен на ковид 19?

Алфа: Се самоуби 60-годишен скопјанец, обдукцијата покажала дека е позитивен на ковид 19?

Шеесетгодишен скопјанец денеска си го одзел животот, а обдукцијата покажала дека е позитивен на ковид 19, дознава алфа. Неговото безживотно тело било пронајдено во скејт парк, во градскиот парк во Скопје. Нема информација дали тој е дел од починатите лица за кои информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Според наши неофицијални податоци, сега починатиот наводно барал да се тестира претходно. Оваа информација не успеавме да ја потврдиме, како ни дали лицето било во самоизолација.

Инаку човекот живеел сам.

Извор: АЛФА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.