Цел на нападот бил складиште за балистички ракети
Арапската телевизија Ал Арабија денеска објави дека САД и друга земја нападнале фабрика за воена муниција во градот Исфахан, во Иран.
Нападната е воена фабрика, а цел на нападот бил складиште за балистички ракети.
Целта на нападот беше „да им се покаже на Иран и Русија подготвеноста на САД да се спротивстават на изградбата на фабрики за производство и извоз на балистичко оружје“, се наведува во извештајот.
ТВ Ал Арабија не прецизираше за која друга земја освен САД станува збор.
Пронајдете не на следниве мрежи: