Пред вас се наоѓа повик, крик за борба, за непокор, за опстој кој Дејан Бошков го објави на Фејсбук. Го пренесуваме во целост и сакаме истиот да стигне до што повеќе Македонци. Следува целосниот текст: АМАНЕТОТ Е НАЈСВЕТОТО ЗА НАС – МАКЕДОНИЈА Е НАШИОТ АМАНЕТ. Македонија како фактор во светската историја, и поим за напредна, храбра, достоинствена и праведна империја и народ, ние сегашните Македонци, пред се им сме должни на сите свои предци од античко време, илинденците, борците во светските војни, се до денешните патриоти, за грижа и развиток на сопственото поколение, на сопствената мајка – ТАТКОВИНА.
Како АМАНЕТ, Македонија ни е оставена во наследство да ја чуваме, и да ја пренесеме на наредните генерации, здрава и жива и со преносен АМАНЕТ за продолжување на векот понатаму. Наша вековна задача е да извршиме добра подготовка на идните чувари на МАКЕДОНИЈА, тоа е единствената наша божја обврска, идните поколенија да бидат спремни со знаење за нашите историски корени, борби, страдања, неправди, предавства, за вистината, како цврста подлога, цврст бедем стабилен столб за понатамошното постоење на Македонштината и на се што е МАКЕДОНСКО. Да не дозволиме оваа генерација на МАКЕДОНЦИ да бидеме запишани во историските китапи како неспособни, нестручни и пред се како ПРЕДАВНИЦИ, генерација која АМАНЕТОТ од минатото го прекрши и како така наречени Македонци кои изгубија се и уништија се… Да не бидеме колнети од нашите деца, внуци, правнуци и најболно од нашите предци – ФИЛИП, АЛЕКСАНДАР, ЧЕНТО, ГОЦЕ, НИКОЛА… ДА СИ ЈА ЗАЧУВАМЕ НАШАТА МАКЕДОНИЈА ТАА НИ Е НАЈСКАПОЦЕНОТО НЕШТО КОЕ ГО ИМАМЕ
МАКЕДОНИЈА – АМАНЕТ-1903-та