Еден час по соопштението на МВР, американската амбасада во Скопје издаде безбедносно предупредување до своите државјани кои престојуваат во Македонија да бидат внимателни.
-Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија, во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјаните на САД во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи за таргетирање на групи луѓе на јавни места, вклучително и со користење на пиштоли, возила и остри предмети., соопштуваат од амбасадата на САД во Скопје.
Терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никакво предупредување, а граѓаните на САД треба одржуваат високо ниво на претпазливост. Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации , празници, славенички собири итн.), објавено е на сајтот на американската амбасада со 5 совети за американските државјани.
МВР претходно објави за спречен терористички напад, но без никакви детали за она што е најдено и дали има приведени. Според сознанијата на Телма, попладнево имало итен повик од амбасадата на САД до скопската противпожарна бригада.