Амбасадите размислуваат за евакуација од Северна Кореја

Шефовите на дипломатските миси на земјите членки на Европската унија присутни во Северна Кореја во саботата, според најавите, ќе расправаат за евентуална евакуација на персоналот поради зголемената тензија на Корејскиот полуострови и откако во петокот Пјонгјанг им соопшти дека по 10-ти април „нема да биде во можност“ да ја гарантира нивната безбедност, доколку дојде до судир..Во меѓувреме севернокорејските власти поставија две балистички ракети со среден дострел, според разни експерти најмногу дострел до пет илјади километри, на своето источно крајбрежје, дополнително потхранувајќи ги стравувањата од директен напад.Шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на Европската унија присутни во севернокорејската престолнина Пјонгјанг во сабота треба да се соберат на состанок на кој „ќе се разговара за заедничкиот став и заедничкото дејствување“ во врска со дипломатскиот персонал, објави во саботата претпладне министерството за надворешни работи на Бугарија.„Севернокорејската влада најави дека од 10-ти април нема да биде во можност да ја гарантира безбедноста на амбасадите и меѓународните организации во земјата поради можноста од конфликт“, соопшти во саботата портпаролката на британското министерство за надворешни работи, откако во петокот тоа го потврдија и амбасадите на Русија, Германија и Велика Британија во Пјонгјанг.Не се соопштува зошто е одбран токму датумот 10-ти април, по кој Северна Кореја нема да може да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски претставништва на нејзината територија. Некои американски аналитичари сметаат дека лансирањето би можело да биде темпирано за да се совпадне со одбележувањето на 101-годишнината од раѓањето на основачот на комунистичка Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја – з.р.) Ким Ил-Сунг, кој е роден на 15-ти април.Меѓутоа, засега ниедна земја не потврди дека планира директна евакуација, а некои министерства за надворешни работи оценија дека станува збор за нова севернокорејска тактика чијашто цел е зголемување на тензиите.Во Вашингтон, портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни потврди дека евентуалното истрелување на севернокорејска ракета не би претставувало изненадување за американската. „Не би биле изненадување со такво дејствување“, рече Карни, додавајќи дека Пјонјганг тоа го правел и во минато.Од своја страна Пентагон оцени дека „секоја дополнителна провокативна акција би била за жалење“.Пристапот до индустрискиот комплекс во Каесонг кој беше отворен како знак на добра волја и приближување на Пјонгјанг и Сеул и во кој работат луѓе и до Северот и од Југот, стана стратешки важен дел во војната на нервите, и во саботата остана затворен, бидејќи Северна Кореја одбива од средата да дозволува приод до посторојките за јужнокорејците коишто секојдневно таму доаѓаат на работа. Во овој комплекс откако во саботата сои заминаа 92 јужнокорејски работници, остануваат уште 516 јужнокорејски државјани, соопшти јужнокорејското министерство за обединување (на двете Кореи).
МакфаксШефовите на дипломатските миси на земјите членки на Европската унија присутни во Северна Кореја во саботата, според на

Пронајдете не на следниве мрежи: