Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник Амди Бајрам, со месеци како да се повлече од јавноста. Политичарот кој редовно истапуваше со интересни изјави сега ретко се слуша.
Тој за “Фокус” вели дека сфатил како е подобро повеќе да молчи, отколку постојано да биде актуелен со некоја тема, па затоа започнал да живее повлечено.
-Си работам јас како и секогаш, но решив повеќе да не коментирам премногу на сите теми поврзани со актуелните случувања. Тоа не значи дека немам свое мислење за сето она со кое што сега се соочуваме. Напротив, си имам свое мислење, но не би го споделил со јавноста. И за аферата “Рекет” имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно. И за се друго, увидов дека е подобро кога мудро си молчам.
Еве, сега одам на седница, функционирам како што треба, професионално. Но, ова се едни такви времиња, кога важи паролата:
– Во овие времиња не треба многу да пливаш, оти може да се удавиш. И подобро ми е вака, малку повлечено кога си живеам и работам, изјави Бајрам за “Фокус“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.