Пратеникот Амди Бајрам, се налути на колегите во Собранието бидејќи, како што тврди, не можел да постави прашање на две седници предвидени за пратенички прашања. Тој обвини дека го дискриминираат затоа што е Ром и праша дали треба да даде оставка од пратеник.
–Ова не е фер што го правите. И јас сум пратеник, народот ме избрал, или ја не сум важен зашто сум Ром? Сите ве почитувам, па дај бидете хуманитарни. Покажете се и дајте ми да дојдам на ред. Две седници не можам да поставам прашање од моите Роми за случувањата во Шутка. Како да не постојам, тогаш ајде ќе се бришам од пратеник и готово, рече Бајрам на седницата за пратенички прашања.