Човек од Флорида e убиен од полицијата откако го фрлил својот деветгодишен син во оган, тврдејќи дека момчето е „обземено од ѓаволот“.
Полицијата соопшти дека добила повик по 16 часот за луѓе кои запалиле куп ѓубре.
Кога пристигнале на местото на настанот, се соочиле со Ричард Хам (39), кој бил вооружен со две метални цевки.
Според полицијата, тој одбил да ги исполни нивните барања, поради што еден од полицајците употребил електричен шокер. Сепак, се чинело дека тоа не помогна, Хам го извади „Тејзерот“ од себе и повторно се вооружил со една од металните цевки. Потоа замавнал и го удрил еден полицаец по глава.
Полицаецот потоа извадил пиштол и го застрелал. Ранетиот бил пренесен во болница каде починал.
По истрагата, полицијата дознала дека Хам и 30-годишната Лакења Филипс ги запалиле работите на нејзиниот деветгодишен син затоа што верувале дека е опседнат од демон.
Еден сведок рече дека Хам го ставил момчето во оган и го покрил со запалено ќебе, но за среќа момчето избегнало сериозна повреда.
Во возилото што го управувал Хам биле пронајдени повеќе видови на огнено оружје и дрога.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.