Американец на Миконос: Го изгореле со цени, сега советува да не им се повтори на други

Турист од САД во ресторан на грчкиот остров Миконос платил 836,20 евра за три салати Цезар, шест порции лигни, шест големи локални пива, две води и еден сок од домати, а сметката ја објави на Трипадвајзор со коментар да се избегнува конкретниот ресторан, јави МИА од Атина.
Според сметката, три Цезар салати чинат 59,40 евра, шест порции лигни 591 евро, шест големи локални пива 150 евра, две шишиња вода 17,80, а сок од домати 18 евра.
Американскиот турист во коментарот вели дека персоналот на ресторанот одбива да обезбеди мени и цени.


Објавената сметка и коментарот на американскиот турист е вест во грчките медиуми, кои ја коментираат „гостољубивоста“ на Миконос.
Според другите фотографии од сметки од конкретниот ресторан, што се наоѓа на една од плажите на Миконос, објавени на Трипадвајзор, двојно грчко кафе чини 10 евра, Спрајт, Кока Кола и другите безалкохолни пијалаци по 15 евра, леб 8 евра, големо пиво 25 евра, а 68 евра е чаша вино Просеко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.