Американец уапсен за подготовка на терористички чин во Калифорнија

Агенти на американското федерaлно истражно биро FBI уапсиле 28-годишен жител на Калифорнија, Метју Ланезa под обвинение за подготовка и обид за напад со автомобил-бомба во филијала на банка во Оукланд, во близина на Сан Франциско, објави ноќта кон саботата AFP повикувајќи се на претставници на бирото.

 Според агенцијата, Метју Ланезa бил уапсен во петокот наутро кога со помош на својот мобилен телефон се обидувал да активира експлозив поставен во џип кој претходно го паркирал пред филијалата на „Bank of America” во Оукланд. Подготовката на терористичкиот напад била спроведувана под постојана контрола на таен агент на FBI кој се погрижил подготвената бомба да биде безопасна.
„Најавената цел на Ланезa била провокација од жестоките мерки спроведени од страна на властите, коишто според него ќе предизвилако соодветно дејствие на десничарските сили против владата, а потоа, како што се надевал, ќе предизвика до граѓанска војна”, се вели во официјалното соопштение на ФБИ.
Тајнитe агенти дошле до Ланезa уште во ноември минатата 2012 година, претставувајќи му се како припадници на радикалното движење Талибан од Авганистан. Со нивната „помош” несудениот терорист направил бомба, ја ставил во возилото и се обидел да предизвика експлозија. Како што убедуваат од FBI, експлозивната направа подготвена од експлозивни материи обезбедени од специјалните агенти на FBI „не претставувала опасност за општеството”.
Првото судско рочиште во случајот е закажано за среда 13-ти февруари. Доколу биде прогласен за виновен, Метју Ланез се соочува со доживотна затворска казна
Макфакс
Агенти на американското федерaлно истражно биро FBI уапсиле 28-годишен жител на Калифорнија, Метју Ланезa под обвинение за

Пронајдете не на следниве мрежи: