Американската пејачка и инфлуенсерка Адисон Реј ги изненади обожавателите откако позираше за новиот број на списанието W во смело издание.Имено, таа беше фотографирана само во краток џемпер и долна облека, а градите ги „покри“ со налепници во облик на срце. На насловната страница се појави во бел фустан.Таа позираше и за неколку други модни публикации, вклучувајќи креација што го истакна нејзиното деколте. Зборувајќи за нејзиниот прв албум „Адисон“, кој го издаде во јуни оваа година, таа рече:„Верувам во мојата интуиција, моето срце, мојот говор на телото. Обожавам да комуницирам преку моето тело, музика, звук и енергија.“Во јули, таа беше изненадувачки гостин на концертот на Лана дел Реј на стадионот Вембли во Лондон, што беше сон што ѝ се оствари. Тие ја изведоа песната „Diet Pepsi“.„Стоењето покрај некој што го почитувам, кој ја живее својата вистина толку грациозно, ми го промени животот. Сè се „собра“ магично и неочекувано“, рече таа.Адисон Реј се здоби со слава во 2019 година на TikTok. Со над 88 милиони следбеници на социјалната мрежа, таа е рангирана на петтото место на листата на најпопуларни TikTok корисници во 2025 година. Својот деби сингл, „Obsessed“, го издаде во 2021 година.
Американска пејачка ги покажа градите, позира во најпровокативната облека досега




