Американскиот гигант повлекува 638.000 возила поради дефект на сензорот за брзина

Возилата се повлекуваат поради можниот дефект на сензорот за брзина на пневматикот кој може да предизвика ненамерно кочење, соопштија денеска од компанијата.
Ова се однесува на автомобилите Chevrolet Suburban, Tahoe, Chevy Yukon кои се произведени во 2015 година па наваму, како и Chevy Silverado 1500.


Од General Motors соопштија дека дефектот на сензорот може да резултира со ненамерно сопирање на гумата од спротивната страна на неисправниот сензор, пренесува Reuters.
Автомобилите можат неочекувано да преминат на другата лента.
Оваа одлука, компанијата ја донесе по поднесени жалби од 150 купувачи

Пронајдете не на следниве мрежи: