Американскиот претседател Трамп се тестираше за коронавирус, се очекуваат резултатите

Американскиот претседател Доналд Трамп е тестиран за коронавирусот, а резултатите ќе бидат познати за еден ден или два, јави Си-Ен-Ен.
Трамп се ракуваше со голем број на луѓе во текот на неделата на прес-конференција, спротивно на санитарните препораки.
Белата куќа соопшти денеска дека ќе ја мери температурата на „сите во близок контакт“ со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс како мерка на претпазливост против ширењето на Ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.