Американските сенатори договорија проверка на купувачите на оружје

Демократските и републиканските сенатори објавија во средата дека постигнале договор за построга безбедносна проверка на купувачите на оружје, зголемувајќи ги така шансите во Сенатот да мине барем еден од многуте предлози на претседателот Барак Обама во врска со контролата на оружјето во САД.Договорот меѓу демократот Џо Манчино од сојузната американска држава Западна Вирџинија и републиканецот Пет Томни од државата Пенсилванија ќе биде основата за расправата во Сенатот за контролата на оружјето којашто започнува во четврток, кога се очекува дека сенаторите ќе го отфрлат обидот на конзервативните републиканци да о блокираат донесувањето на законот.Се чини дека предлогот за построга безбедносна проверка на купувачите меѓу сите предлози на претседателот Обама за контрола на оружјето во САД има најголеми шанси да прерасне во закон, откако се разгоре расправата во американската година кога дваесетгодишник ланскиот декември во основно училиште во гратчето Њутаун уби 26 луѓе од кои 20 деца на шест и седумгодишна возраст.Сенаторите соопштија дека според нивниот договор безбедносните проверки ќе се прошират и на купувачите на оружјето и на купувачите од изложбите и саемите на оружје и на оние коишто го купуваат преку интернет, а дека исклучок како и досега ќе биде продажбата на оружјето меѓу пријателите и членовите на семејствата.Договорот за кој сенаторите велат дека ќе спречи оружјето да заврши во рацете на опасни криминалци или душевно болни лица, ќе затвори една од дупките во постојниот систем кој според аналитичарите овозможува 40 отсто од купувачите да ја избегнат безбедносната проверка.Многу повеќе контроверзните делови од планот на Обама, како што е забраната за продажба на јуришно оружје како што беше користено во масакрот во Њутаун и ограничувањето на бројот на куршумите во магацините за муниција, имаат помалку шанси да бидат прифатени во Сенатот,Дури и доколку Сенатот го донесе целиот пакет нови мерки за контрола на оружјето, тешко дека тој би минал во Застапничкиот дом кој го контролираат републиканците, сметаат американските аналитичари.
МакфаксДемократските и републиканските сенатори објавија во средата дека постигнале договор за построга безбедносна проверка

Пронајдете не на следниве мрежи: