Американски виролог работи на вакцина против вирусот H7N9

Новиот сој од вирусот на птичјиот грип означен како H7N9 со кој се заразени веќе 117 лица во девет региони во Кина, од кои починаа 23 луѓе а еден случај е регистриран и во Тајван,  во секој момент може да стане пренослив меѓу луѓето што бара подготвеност во врска со пронаоѓањето вакцина, оценува познат американски виролог.„Невозможно е да се предвиди како тој вирус може да мутира и да биде во состојба да се пренесува меѓу луѓето. Затоа ситуацијата ја сфаќаме многу сериозно“, објаснува Ентони Фауци, директор на Американскиот институт за алергија и заразни болести.„Тоа уште не е случај, што е охрабрувачки, но мораме да бидеме подготвени за таа можност“, вели Фауци, додавајќи дека станува збор за развој на вакцина против вирусот H7N9.„Иако не можеме во целост да докажеме дека веќе не се случило пренесување меѓу луѓето“, со внимателно испитување на екипите од кинеските центри за превенција и надзор на болестите над повеќе од илјада лица кои биле во близок контакт со заразените лица, „не е идентификуван ниеден случај на зараза меѓу луѓето“, истакнува Фалуци.„Можеме да бидеме сигурни дека би имало инфекции меѓу тие илјада лица дека вирусот се пренесува“, нагласува американскиот виролог.Студијата којаштое објавена во четвртокот во британскиот медицински магазин The Lancet потврдува дека вирусот H7N9 доаѓа од живината, како и дека засега не е во состојба да се пренесува од човек на човек.Кинеските експерти посочуваат дека пренесувањето на вирусот H7N9 од човек на човек сé уште не сигурно потврден. Исто така, не е регистриран и епидемиолошка врска меѓу сите случаи на инфицирањето меѓу сите случаи, а ниту има информации за масовно заболување со типот на грипот H7N9 кај домашните птици. Експертите се убедени дека вирусот се уништува со термичка обработка.Точниот извор на инфекцијата сé уште не е познат, а уште дефинитивно не е потврдено и пренесувањето од човек на човек, меѓутоа научниците под надзор ги држат сите лица коишто биле во контакт со заразените.Научниците утврдиле дека новиот сој на вирусот уште е во развој и „разменува” гени со други вируси во потрага по генетска структура која ќе го направи постојан и способен за брзо ширење. Доколку успее во тоа, светот би можел да се соочи со смртоносна закана од нова пандемија на грип, но тој сој, исто така, би можел и да исчезне.Нестабилноста на вирусот, исто така, го поставува и прашањето дели вирусот H7N9 ќе стане отпорен на антивирусните лекови како што е „Тамифлу” на фармацевтската компанија „Roche”, што е веќе воочено по анализата на достапните податоци за генетската структура на овој сој вирус.„Дури и со само три генетски секвенци кои се познати, има докази дека една добро не се вклопува во другите две. Затоа сметаме дека тој вирус уште наоколу бара генетска констелација со која ќе биде 'посреќен'. Можеби надвор постојат други вируси со коишто разменува гени, додека не ја добие постојаната структура”, вели Венди Баркли, вирусолог од британскиот Imperial College London.Тоа е и токму причината поради којашто научниците не можат да проценат колку вирусот H7N9 е опасен за човекот.Пред овие случаи кои неодамна се забележани во Кина, сојот на вирусот на птичјиот грип H7N9 не се пренесуваше ниту на човекот, ниту од човек на човек. Како и кај најраширениот со H5N1, научниците стравуваат дека поради мутација на вирусот, болеста би можела да се пренесува од човек на човек, што може да предизвика пандемија.
МакфаксНовиот сој од вирусот на птичјиот грип означен како H7N9 со кој се заразени веќе 117 лица во девет региони во Кина, од

Пронајдете не на следниве мрежи: