Американски хамбургер лепчиња: Највкусна замена за леб!

Можете да ги користите наместо леб со кој било оброк, или кога ќе одлучите да направите вистински американски хамбургери.
Состојки:
2,5 лажички квасец,
4,5 чаши брашно,
1,5 лажички сол,
2 лажици шеќер,
75 грама стопен путер,
половина чаша млеко,
1 чаша млака вода.
За обложување:
1 јајце,
1 лажица вода,
сусам.
Подготовка:
Истурете шеќер и квасец во млака вода. Оставете квасецот да нарасне. Во голем сад, истурете го брашното и солта и промешајте. Во квасецот додадете млако млеко и путер. Полека додадете го квасецот во брашното. Направете тесто. Покријте го тестото со фолија за храна и оставете го да нарасне на топло место.
Ставете го нараснатото тесто на рамна, побрашнета површина. Поделете го тестото на 8 еднакви делови. Секој дел направете го во форма на топка. Топчињата премачкајте ги со изматено јајце и вода. Потоа посипете ги со семе од сусам.
Топчињата ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете 15 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.