Америка веројатно веќе е во рецесија, вели директорот на „БлекРок“

Лери Финк, извршен директор на инвестициската компанија „БлекРок“, предупреди дека Соединетите Американски Држави се „многу блиску до рецесија и можеби веќе се во рецесија“.

Финк, чие лично богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, за американската мрежа „Си-ен-би-си“ изјави дека верува дека „многу луѓе купуваат однапред поради очекуваните повисоки поскапувања, а има редици пред продавниците на „Епл“, бидејќи луѓето купуваат „Ајфони“.

Критикувајќи ги царините на Трамп, Финк изјави:

„САД беа глобален стабилизатор по Втората светска војна. Сега ние сме глобален дестабилизатор. Ова не е пандемија, ова не е финансиска криза, ние самите го создадовме ова“.

Американските берзи деновиве беа во континуиран пад откако Трамп најавуваше, а потоа и воведе високи царини за земји од целиот свет, воведување царини. Трамп најпрво планираше да воведе остри царини за целиот свет, но по драматичен пресврт се сврте кон Кина, каде воведе царини од 145 отсто, на што Пекинг возврати со стапка од 125 отсто.

Пронајдете не на следниве мрежи: