Америка потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека има докази дека севернокорејските војници се во Русија и останува да се види што ќе направат таму.

-Постојат докази дека севернокорејските сили се во Русија – изјави Остин на новинарите во Рим денеска, пренесе Ројтерс. “Што точно прават таму? Тоа останува да се види. Тоа се работи кои треба да ги средиме – додаде Остин.

Синоќа украинскиот претседател наведе разузнавачки информации за подготовка на две бригади во кои има до 12.000 севернокорејски војници, кои треба да учествуваат во војната против Украинците рамо до рамо со руските војници.
Последниве денови се појавија неколку видеа на кои се чини дека се прикажани јужнокорејски војници во Русија. Тие, наводно, биле создадени во руска база на далечниот исток на земјата, на околу 200 километри од границата со Северна Кореја.

Пронајдете не на следниве мрежи: