Ампева повикува на масовен протест: Aко ни е поважно шетањето и Грчка за 1 Мај, не ни заслужуваме да имаме повисоки плати!

Повторно, за протестот за 1ви мај е повеќе од потребно работниците да дојдат бидејќи ние сами активисти и синдикалци не можеме многу без поддршка , физичко присуство од работниците, пишува на Фејсбук синдикалката Кристина Ампева.

– Ако ни е поважно шетање по грчка и скара баш на тој ден, тогаш немаме право да се жалиме што имаме најниски плати во регионот.

Затоа , контактирајте ги синдикалните претставници од градовите, јас ви стојам на располагање за Штип и организиран превоз и покажеме единство на 1ВИ МАЈ , во 12 часот пред Влада на Македонија! – стои во објавата.

Пронајдете не на следниве мрежи: