Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по, наместа, влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенции на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Поради ниските температури, можна е појава на голомразица.
Забрани има на следниве патни правци:
– Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.
– крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
– Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.
На патниот правец Р2248 меѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2020 година е на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.