четврток, 26 ноември 2026
Најново

АМСМ: Прилагодете ја брзината на овие патни правци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај. Геодетски и геомеханички истраги ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 19:00 часот. Времетраењето на времената измена ќе биде 5 дена, односно почнувајќи од денес 18.11.2019 г. до 22.11.2019 г.
Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен , преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Поврзани вести